Добри работи почнуваат да ни се случуваат кога ќе се оддалечиме од негативните луѓе

Ние сме главните актери во нашите животи. 

Ние бираме што ќе бидеме и кого ќе имаме покрај себе! Животот нѐ обликува, праќа некои луѓе во нашите животи, добри или помалку добри, како учители. Животот ни дава искуства на кои треба да учиме, ни отвора или затвора патишта но, на крај сѐ се сведува на нашиот избор и одлука. Сѐ што ни се случува е со причина. Ние бираме дали ќе искористиме некои искуства и ќе се опаметиме.

Ние одлучуваме како ќе го искористиме сето она што ќе ни се најде на пат, она што животот ни го сервирал како совесен келнер. Сето тоа се лекции. Може да ги искористиме да станеме помудри, попаметни, подобри луѓе. Може да научиме да уживаме во малите животни радости, во секој нов ден и секоја нова насмевка.

Може да сфатиме што е лошо за нас и да го отстраниме од нашиот живот. Сѐ што е негативно и ви носи немир може да го отстраните од животот. Пред сѐ тоа важи за лошите луѓе. Ние никогаш не губиме. Секој губиток може да го доживееме како благослов. 

Знаете кога мислите дека некој ви е пријател, а тој ве издаде? А вие тагувате, разочарани сте… Не треба да тагувате, да ви бил пријател немал да ве издаде, многу е едноставно. Тоа е добро за вас, можеби таа личност токму на време се покажала каква е, за да не ви нанесе уште повеќе неправда, болка и зло. Сте виделе навреме дека не ви била пријател.

Единствените луѓе на кои треба да им вратите „со иста мера“ се луѓето кои ви помогнале! Бидете добри луѓе, чесни, искрени, насмеани, без лаги, манипулација, игри, освети, злоба…

Исфрлете ги негативните луѓе од вашиот живот, но бидете свесни дека тие направиле една добра работа за вас – ви покажале какви не треба да бидете. Секој околу нас е учител од кого можеме многу да научиме. На нас е само да бидеме добри ученици.

Ние носиме одлуки, не е важно што мислат другите, запомнете го тоа. Понекогаш мора да се слушаме само себеси и да бидеме ок со тоа што никој друг не нѐ разбира. Ние најдобро знаеме што е добро за нас.

Бидете добри луѓе и бидете среќни!




Коментари

коментари