Категории

Добро утро со вкусните палачинки со боровинки! (РЕЦЕПТ)

Почестете се со прекрасни палачинки од кефир, бадемово брашно и боровинки.

Смесата е доволна за дури 15 мали палачинки, а подготовката трае дваесетина минути. Ова е идеален појадок за наутро, но и добра вечера по напорниот и лош ден. Секако, наместо боровинки можете да додадете друго овошје или парчиња чоколадо.
Состојки:
  • 180 мл кефир
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстаркт од ванила
  • 150 гр бадемово брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • боровинки

Подготовка:

Измешајте ги јајцата со кефирот и екстрактот од ванила. Во друг сад помешајте го бадемовото брашно, прашокот за пециво и циметот. Помешајте ги сувите со мокрите состојки. Смесата со помош на лажица префрлете ја во тава претходно намачкана со масло. Во секоја палачинка додадете 3-4 боровини и печете ја секоја страна од прилика по една минута.

Прегледи:
556
Објавено на:
03.05.2018