Категории

Додадете го ова во утринското кафе и ќе бидете полни со енергија цел ден

Освен тоа што ќе имате повеќе енергија во текот на денот, ќе ви се намали и апетитот и нема да имате потреба за храна толку често – што е одлично доколку сакате да изгубите некој килограм.

Станува збор за мешавина од кокосово масло, како и еритрол кој е поознат како здрава замена за класичниот шеќер. Секое утро додавајте лажичка од оваа смеса во топлото кафе. Оние кои ја искусиле оваа метода за добивање енергија велат дека навистина помага.

Инаку познато е дека какаото е богато со железо, бакар, магнезиум, манган, калиум, фосфор, цинк и селен. Освен тоа, какаото е намирница која има исклучиво многу антиоксиданси, повеќе од многу видови на храна.

Улогата на кокосовото масло е да ги намали несаканите ефекти од кафето и кофеинот. Тоа содржи одредени масни киселини кои лесно се разградуваат и многу бргу се претвораат во енергија. Комбинацијата од кокосово масло и кофеин ги намалува драматичните зголемувања и падови на енергијата во телото и овозможува енергија која е долготрајна и стабилна.

Рецепт за оваа мешавина:

Состојки:

  • мала шолја кокосово масло
  • мала шолја какао
  • 3 лажички еритритол

Подготовка:

Промешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во стаклен сад во фрижидерот додека на стане цврста. Потоа стаклениот сад со смесата сместете го во кујната каде што го чувате кафето и секое утро додавајте во вашето кафе по една лажица од оваа смеса. Мешајте додека не се стопи.

Прегледи:
448
Објавено на:
05.02.2018