Додаток без кој ниедна зима не може да помине: Вака се носат предимензионалните шалови оваа сезона!

Желбата за ова парче се уште не се намалува

Предимензионалните шалови и марами се одличен начин да го расвеселите секој аутфит за само неколку моменти.

Предимензионалните модели и оваа сезона се во тренд, а освен тоа што изгледаат одлично, совршени се за дожливите и ветровити денови, затоа што ќе ве стоплат. Сите принтови се модерни, на вас останува да го изберете оној кој ви се допаѓа најмногу.

Ова е додаток кој се вклопува со секој стил. Одлично оди со патики и спортски стил, но исто така и со поелегантна комбинација.

Шаловите се омилени моден додаток на трендсетерките, а токму тие ни дадоа одлични идеи за тоа како можеме да ги стилизираме оваа есен и зима. Фрлете поглед на фотографиите и пронајдете инспирација за следниот стајлинг.

Се повеќе популарен начин на носење на овие шалови е да се нагласи половината. Ставете го преку рамена, а потоа на половината прицврстете го со каиш и ќе го добиете овој интересен изглед.




Коментари

[fbcomments]