Категории

Додека ја слушате оваа мелодија, замислете си ЖЕЛБА: фреквенцијата на 963Hz нè поврзува со Универзумот

Фреквенцијата на 963Hz помага да се остварат желбите побрзо! Слушајте ја со затворени очи…

Се верува дека фреквенцијата на 963Hz ни помага полесно да ги испратиме на Универзумот нашите најголеми желби и да се зголемат нашите шанси за исполнување.

 

Фреквенцијата на 963Hz го отвора порталот на Универзумот и ни дава можност да го активираме Законот за привлекување и да побараме од Универзумот што ни треба.

 

Следете ги овие чекори за вашите желби да се манифестираат што е можно поскоро:

 

Мелодијата слушајте ја тивко.

 

Замижете и слушајте ја фреквенцијата, а потоа замислете си желба. Важно е желбата да биде искрена и јасно да побарате што сакате. Медитирајте и визуелизирајте ја вашата желба. Замислете дека се остварила, запомнете ги вашите чувства за време на визуелизацијата. Молете се за вашата желба.

 

Потоа размислете за позитивните работи што сакате да се случат во животот. Размислете за тоа што треба да направите за да се случат.

 

Потоа, фокусирајте се на негативните работи што ве оптеретуваат и размислете за чекорите што ќе ги исфрлат од вашиот живот.

 

Чувствувајте дека сте исполнети и опкружени со позитивни вибрации. Медитирајте со насмевка и визуелизирајте колку ве исполнува светла енергија.

 

Слушајте ја фреквенцијата со медитација колку што сакате.

 

Верувајте дека чудата се можни и сосема е можно вашите најубави соништа да станат реалност.

 

Слушајте ја фреквенцијата на 963Hz во видеото подолу!

Прегледи:
385
Објавено на:
05.12.2019