Категории

Доделени наградите за истражувачко новинарство од страна на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир штотуку ги додели ЕУ наградите за истражувачко новинарство за стории објавени во 2019 година.

Првата награда припадна на Investigative Reporting Lab Macedonia за сторијата „Урбани атентатори„
Втората награда заеднички ја освоија Миомир Серафиновиќ, Билјана Николовска и Снежана Лупевска Созен за нивната сторија на ТВ Код „Убиства во Кичево – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил„
Третата награда е за Петар Клинчарски за неговата сторија на ТВ програмата 360◦ „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите„

Честитки до наградените и благодарност до стручното жири предводено од Весна Никодиновска и до Синдикатот на новинари и медиумски работници.