Категории

„Дојди да заборавиме што заборавивме на нас“ – Кукла од Памук

„Дојди, да заборавиме.
Горчливи вкусови,
и зборови кои гребат.
Патишта по кои сме чекореле
а срцата ни се враќале назад.
Да заборавиме цела една вечност
кога ги замолкнавме гласовите
и ја почувствувавме крвта
како врие до точка на пулсирање.
Ајде дојди да заборавиме,
ти бојата на нејзините усни
а јас на неговите очи.
И тие мириси кои никогаш немаа смисла,
пропратени од слепи искушенија
ние не бевме тие грешници.
Дојди да заборавиме,
да заборавиме дека ти заборави да се вратиш
а јас заборавив да те чекам..
Да заборавиме што заборавивме на нас.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
457
Објавено на:
05.07.2020