Доказ дека различностите се почитуваат: Студентка муслиманка ќе учествува на избор за Мис на Англија 2018

28-годишната студентка по право, Сара Ифтекар, ќе стане првата девојка муслиманка која се натпреварувала за титулата Мис на Англија. Таа често објавувала фотографии облечена во традиционални муслимански фустани.

Под една фотографија која таа ја објавила на нејзиниот, сега избришан, Инстаграм пишува: „Не можа да сфатам колку е неверојатно што моето име се најде меѓу финалистките во изборот за Мис на Англија. Тоа е неверојатно искуство кое никогаш нема да го заборавам. Можностите кои ги добив никогаш и не ги замислував и засекогаш ќе бидам благодарна на тоа.“

Таа започнала свој бизнис на 16 години а собира и пари за добротворната организација „Убавина со цел“ за обесправени деца и млади ширум светот.

Таа вели дека се пријавила на изборот за Мис на Англија со цел да покаже дека убавината нема дефиниција и дека секој е убав на свој начин без разлика на нивната тежина, раса, боја или форма.
На изборот ќе учествуваат 50 жени од цела Англија а победничката ќе ја претставува земјата на изборот за Мис на свет 2018.




Коментари

коментари