Еве и доказ зошто не смеете да спиете со мобилниот телефон до вас

Пет ученички од данско училиште одлучиле да направат интересен експеримент, а фотографиите од истиот ги објавиле на интернет, со што испровоцирале реакција од биолози, истражувачи и експерти од Англија, Холандија и Шведска.

Девојките во нивниот експеримент испитувале како се однесуваат семињата на растенија во две одделни соби со идентична позиција во однос на сонцето, иста количина вода и на иста температура. Во едната просторија имало поставено бежичен рутер, кој емитувал приближно исто зрачење како обичен мобилен телефон, а во другата просторија немало електронски уреди. По 12 дена семето во „чистата“ соба почнало да расте, додека семето во „контамираната“ соба не ’ртело, дури и мутирало или гниело.

Младите истражувачи сакале преку своето мини истражување да увидат како влијаат мобилните телефони на околината, особено во ноќниот перод кога ги оставаме покрај нас. Доколку во текот на спиењето телефонот е до вас, тој влијае на вашето спиење и на концентрацијата. Ова е и научно докажано, а овие млади девојчиња сакала преку едноставен експеримент да им укажат што прават телефоните за нивното здравје и благосостојба.

Експертите препорачуваат мобилниот телефон да биде што подалеку од вас, а компјутерот задолжително да биде исклучен.

 

 

 




Коментари

коментари