Докажано е – оваа боја најмногу нè опушта: Еве која нијанса треба секогаш да ја имате во вашиот дом

Ако ја имате оваа боја во вашиот дом, ќе бидете порелаксирани и посмирени!

Дали претпочитате повеќе светло тиркизна или светло розова, шумска зелена или небесно сина? Британскиот производител на хартија Г.Ф.Смит ова прашање го поставил на околу 26 000 во 100 земји од светот притоа забележувајќи ги нивните одговори.

Во соработка со Универзитетот во Сасекс, напишале сеопфатен извештај за тоа како реагираме на одредени бои.

Зелените и сините нијанси добиле најмногу гласови, а интересно е што и  на една од првите анкети за боја спроведени во 1893 година, поголемиот дел од анкетираните исто така претпочитале сина боја.

Кога ќе погледнеме во оваа безвременска боја, заклучиле англиските истражувачи, особено морнарска плава, стануваме посмирени, а срцевиот ритам се намалува.

Релаксирачката боја на океанот е идеална, велат дизајнерите на ентериер и најчесто се користи за спални соби.

Обојте еден ѕид од собата во сина боја, креирајте фото галерија во комбинација од слики од небото и морето, украсете го креветот со неколку темно сини украсни перници и уживајте во вашиот дом.




Коментари

коментари