Доколку ги има овие 5 особини, тој е вистинскиот за вас!

Честопати слушаме како е тешко да го најдеме „вистинскиот“, но можеби и самите сте криви бидејќи барате погрешни квалитети кај мажите. Дознајте на кои особини треба да обрнете внимание при започнување нова врска.

Неговите најдобри пријатели се добри луѓе. Доколку сакате „вистински“ увид со кого се забавувате, запознајте ги неговите пријатели бидејќи особините на луѓето кои му се најблиски многу говорат и за неговиот карактер.

Не реагира бурно кога е под притисок. Во долготрајните врски неминовно доаѓа до добри и лоши периоди. Сепак, вашиот партнер треба да биде некој на кого можете да сметате, како и некој кој мирно ќе реагира и ќе ве утеши додека поминувате низ тежок период од животот.

Парите му се главна мотивација. Не е важно дали вашиот партнер заработува многу, туку фактот дека во животот не го мотивираат само парите. Личностите кои трчаат само по материјални работи, честопати ги запоставуваат другите аспекти од животот, односно партнерот и семејството.

Ја цени вашата самостојност. И вие имате интереси, мислења, желби и цели. Независно од тоа дали сте одлучиле да останете дома и да чувате деца или пак сте жена со кариера, вашиот партнер треба тоа да го почитува и да ве поддржи.

Смеење, смеење и само смеење. Квалитетната личност најлесно може да се препознае по тоа дали има смисла за хумор, односно колку вашиот партнер зна да ве расположи и насмее. Тоа е сигурен знак дека станува збор за позитивна личност со ведар дух која има оптимистички поглед на животот.




Коментари

коментари