Доколку не сакате да ризикувате со трендовите, овие 3 бои на коса никогаш не излегуваат од мода

Иако трендовите за боја на коса се менуваат од година на година, некои бои засекогаш ќе останат омилени и ќе бидат популарни сигурно и наредната деценија.

 

Се работи за нијанси кои се најслични на природните бои на коса и едноставно не можете да погрешите доколку изберете една од нив.

Пченкарна боја

Ако сакате светли нијанси, слободно изберете пченкарна нијанса. Оваа боја на коса одговара на сите девојки и не бара многу грижа и што е најважно, нема да ја оштети вашата коса бидејќи не бара претходно избелување.


Боја на карамела

Нијансата на карамела веднаш ќе направи да изгледате помлади и ќе ги омекне вашите црти на лицето. Џенифер Анистон, Џенифер Лопез и многу други ѕвезди долго ја користат оваа нијанса за да го изградат својот имиџ. И да, доколку не сте подготвени да ја обоите косата во боја на карамела- не грижете се, само додадете неколку прамени.

Нијанса на чоколадо

За љубителите на темната боја, стилистите избираат нијанса на чоколадо. Таа, за разлика од црната боја, не додава години, не ја прави кожата бледа и совршено прилега на секоја дама. Оваа боја на коса совршено ги нагласува кафеавите, зелените и сините очи.

A post shared by Megan Fox (@the_native_tiger) on




Коментари

коментари