Доколку се одлучите за естетска корекција, изборот на филерот е од особено значење. Дознајте зошто!

Живееме во време кога естетската хирургија доживува огромен подем, прикривајќи ги и корегирајќи ги сите недостатоци на лицето како кај жените, така и кај мажите.

Зголемувањето на самодовербата и психолошкото влијание е од особено значење при одлуката на ваков чекор и тоа е сосема во ред, меѓутоа голем дел од граѓаните не се свесни за клучната улога на квалитетот на филерот кој го избираат за извршување на посакуваната корекција.

Сѐ почесто слушаме за несаканите ефекти кои може да настанат со користење на филери кои се примамливи поради својата пониска цена, но може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми како и нарушување на симетријата на лицето – ефект кој е далеку од привобитната замисла на секој оној кој ќе се реши да направи некоја корекција на себе.


Имено, неодамна во јавноста се обелодени еден од низата случаи кога една жена од Скопје поради отоци на усните предизвикани од неквалитетни филери завршила на скопска Клиника во одделот за пластична хирургија. Токму поради овие последици кои честопати настануваат, од исклучителна важност е да се информирате со каков вид на филер ќе биде извршена вашата корекција.

„Сѐ почесто во нашиот центар доаѓаат клиенти кои претходно подлегнале на некоја естетска интервенција и не се задоволни од резултатите. Асиметричните усни, отоците поради неквалитетните филери се само дел од проблемите со кои се соочуваат сите оние кои се одлучиле за поевтин избор наместо да се информираат за квалитетот. За среќа, нашиот тим составен од експерти на полето на медицинската козметологија и естетика, одлично се справуваат со решавањето на овие проблеми, но сепак важно е да се потенцира дека не смеете своето лице и тело да го изложувате на ризик.


Во Anti Aging Center by Promoitalia користиме исклучиво квалитетни филери кои не може да предизвикаат несакани последици. Со задоволство можам да кажам дека нашите досегашни клиенти се задоволни од сите наши услуги, а нивната лојалност е нашиот најголем доказ за успешната работа“, вели Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот и најпознат центар за естетска медицина и врвна естетска дерматологија и козметологија, Anti Aging by Promoitalia.

Покрај корекцијата на усни и брчки со користење на најквалитетни филери, во Promoitalia може да уживате во многубројните третмани на лице и тело.


За почетокот на 2019. година, Promoitalia ги изненадува сите оние кои сакаат да го освежат својот изглед со пакет на услуги по промотивни цени.


Кога станува збор за убавината и вашето здравје, погрижете се секогаш да го изберете најдоброто. Изберете квалитет, професионалност и знаење, изберете ги Anti Aging by Promoitalia!




Коментари

коментари