Доколку се почитуваш себеси, не ги прави овие работи поради маж, без разлика колку го сакаш!

Љубовта е слепа – стара изрека, а во различните фази на вљубеност честопати светот го гледаме низ розеви очила. Сепак, и во најопиените фази од врската треба да се задржи своето „јас“ и да не се дозволи да преовладува „ние“, правејќи нешто заради другиот иако не ни се допаѓа.

Диета

Не треба да слабеете заради него. Одлуката за исхраната, тренинзите, треба да биде само ваша, а не за да го импресионирате со потенок струк.

Без пријатели

Доколку не сака да комуницирате со поранешниот, тоа е релативно разумно барање до една граница. Но, доколку сака да го избришете бројот на соседот од мали нозе, треба да знаете дека претерува. Пријателите не треба да ги губите поради неговиот мир, бидејќи најчесто тоа е начин за манипулација.

Без компромис околу работата

Не треба да бирате помеѓу работата и љубовниот живот. Доколку нему му сметаат вашите работни обврски, замислете се. Тој треба да ви дава поддршка, а ова прашање е од егзистенцијална важност.

Менување на стилот

Доколку сака жени во фустани, можете од време на време да ги носите. Но, доколку вашиот стил е сосема поинаков, не треба да го промените и потполно да се прилагодите на неговите идеи.

Поинаква фризура

Доколку сака светли девојки, а вие сте бринета, ни случајно не ја менувајте својата боја. Исто така, не ја менувајте ни должината на косата затоа што тој тоа го бара од вас. Тој треба да ве сака токму онака како што изгледате и акцентот на вашата врска да биде на многу подлабоко ниво.




Коментари

коментари