Категории

Доколку сте прележале КОВИД -19, никако не го правете ова!

Добро ни е познато дека корона вирусот ги напаѓа белите дробови, како и целиот респираторен систем. Меѓутоа, утврдено е дека Ковид – 19 може да остави последици и на срцето и да предизвика појава на тромб, а многумина наивно му пристапуваат на периодот по прележувањето што може скапо да ги чини.

 

Сите кои имале корона, без разлика дали станува збор за потежок или полесен облик на болеста, мора да имаат период на реконвалесценција. Тоа е услов за оштетениот срцев мускул да не се оштети уште повеќе.

По прележување на корона вирусот за да се врати силата и да се опоравите целосно мора да одмарате минимум 4 недели. Дури и ако не чувствувате омалаксаност, никако не помислувајте на физичка активност во тој период.

Луѓето веднаш по негативниот ПЦР тест почнуваат со тренинзи, а тоа може да ги доведе во опасност.

Прегледи:
246
Објавено на:
26.10.2021