Доколку сте вљубени во жена родена во знакот на Лав, ова треба да го знаете за неа

Кога станува збор за жената Лав, важи правилото – се или ништо. Овој интензитет и страста, која се манифестира во секој аспект од нејзиниот живот, има најголем фокус на нејзиниот љубовен живот.

Сè што е опишано во книгите и филмовите за љубовта најмногу може да се доживее со една жена Лав. Ова значи возење по луда железница со екстремни издигнувања и длабоки падови. Таа ја поставува својата љубов во центарот на нејзиниот универзум, но исто така ќе бара тоа да и се возврати и нема да се задоволи со ништо помалку. Жената Лав лесно се заљубува, а кога е вљубена се посветува целосно. Тоа не значи дека е лесна или дека ќе се задоволи со секого, но кога ќе го запознае вистинскиот, лесно се препушта на љубовните емоции. Таа е територијален љубовник, жените во овој знак се посесивни, па бидете внимателни на нејзините канџи.

Лавот и врските

Жената Лав, кога е во врска, е многу верна на нејзиниот партнер. Таа очекува нејзиниот партнер да биде подеднакво посветен, независен и силен поединец. Жената Лав не бара заштитник, туку партнер за ловење, ловец кој ќе патува низ урбаната џунгла со неа. За возврат, таа ќе биде лојална, дарежлива и топла. Односот со жената Лав секогаш е забавен – таа мрази рутина и постојано ќе размислува за воведувањето промени и драма во вашиот заеднички живот. Да, ќе се чувствувате како да си играте со оган на моменти, но острата, малку опасна, „никогаш не знам на што сум“ – адреналинска инекција, штоја добивате од неа – вреди. Верувајте, со жената Лав никогаш нема да ви биде здодевно.

Лав жените се најкомпатибилни со знаците Близнаци, Стрелец и Вага.




Коментари

коментари