Категории

Докторите советуваат – Пациентите со срцеви заболувања не смеат да ја менуваат терапијата без консултација со лекар

Пандемијата на коронавирус особено влијае врз оние кои патат од хронични болести, докторите советуваат пациентите да продолжат со вообичаената терапија и без нивна консултација да не воведуваат никакви промени

Сите пациенти со срцеви заболувања мораат да покажат голема дисциплина во наредниот период, како и сите останати граѓани.
Пациентите никако не смеат самоиницијативно да ја менуваат терапијата и да го доведуваат своето здравје во ризик слушајќи наводни експерти кои пренесуваат вести за штетноста на некои лекови.

Особено е важно што повеќе да се грижат за своето здравје и да не ги посетуваат медицинските институти без претходна најава.