Категории

Долг фустан и чизми: Вака се носи најженствената есенска комбинација!

Идеалниот есенски стајлинг изгледа токму вака

Фустан до глуждови со интересен принт деновиве е многу популарен, а ниту Џенифер Лопез не одолеа на овој тренд.

Пејачката демонстрираше како се носи на најдобар можен начин. Чизмите со високи потпетици изгледаат феноменално во комбинација со овој модел на фустан.

Фустанот е совршен затоа што нема да ви биде студено во деновите кога температурите се под нулата, а во исто време ќе изгледате женствено и елегантно.

Со овој стајлинг можете да излезете каде и да сакате. Стајлингот е погоден за деловни прилики, кафе со пријателите, па дури и за вечерни излегувања.

Облините се акцентирани на вистински начин со ваков фустан, а благодарение на високите потпетици, фигурата изгледа издолжено и потенко.

Акцесоар како каиш е секогаш добредојден, бидејќи ќе ја истакне половината и фигурата ќе ја направи визуелно поскладна.

Прегледи:
410
Објавено на:
07.12.2019