Категории

Долна облека во галерија – вака изгледа новата кампања на Calvin Klein

Со доаѓањето на новиот креативен директор Раф Симонс, популарниот бренд за долна облека Calvin Klein започна една нова ера. Препознатливите атрактивни и сензуални кампањи сега се заменети со минималистички естетични кадри каде доминацијата од голото тело се префрли врз фокусот на она што ја носи главната улога а тоа се парчињата на брендот додавајќи мал акцент и на уметноста. Кампањата е насловена како “American Classics” и ги вклучува далеку препознатливите парчиња фармерки, и машка долна облека.
Парчињата се презентирани на нов поинаков и несвојствен начин за брендот, во галерија пред сликите на славните амерички уметници како што се Енди Ворхол, Стерлинг Руби, Ричард Принц и Ден Флавин. „Кампањата ја прославува иконската долна облека со потписот на Calvin Klein како елемент на поп културата, кои се прикажани заедно со големите дела во светот на уметноста.“ – напиша Раф Симонс на својата инстаграм објава пред промоцијата на кампањата.

Прегледи:
233
Објавено на:
09.02.2017