Категории

“Должев милиони, а сега сум богата” | Пет совети кои ќе ви помогнат да се извлечете од долгови

Нова година и нова шанса да најдете решение за своите финансии. 34­годишната Патрис Вашингтон од Атланта, финансиски советник и автор на три книги, вклучувајќи ја и “Вистинските одговори на прашањата за парите за секоја жена:

Како да се победи во играта на парите, со или без маж”, раскажа таа за Њујорк Пост како е кога финансиите се во прашање, дури два пати го допрела дното и како се извлекла од проблемите.

“Мојот телефон постојано ѕвонеше и ми се јавуваа моите вработени. На телевизија гледав како банките се затвораат една по друга. Тогаш бев во болнички кревет, каде што сум ја чувала бременоста, а мојата компанија за тргување со недвижен имот беше во опасност од колапс. Всушност, и моите деца беа во опасност.

“Ако продолжиш да се вознемируваш поради хипотеките, од оваа болница нема да заминеш со дете”, ме предупредуваше лекарот. Техничкиот персонал мораше да го исклучи телевизорот и да го однесе надвор од собата за да не го вклучам повторно и да ги гледам вестите.

Беше 2007­та година, а мојата милион долари вредна компанија, која ја отворив со сопругот четири години порано беше на патот надолу. Сепак, бевме благодарни, дека ја напуштивме болницата со здраво девојче, иако тоа значеше 400.000 долари болнички трошоци, бидејќи го исцрпев своето здравствено осигурување.

Целата следна година плаќавме вработени од сопствениот џеб и на крајот ја затворивме компанијата во 2008­та година. Кога ја подвлековме линијата, сфативме дека сме во долг од 2 милиони долари.

Познавам некои луѓе кои се занимавале со недвижен имот и кои за време на рецесијата извршиле самоубиство. Тие загубиле толку многу што веќе не го гледале излезот. Но, јас го видов. Во оваа ситуација, веќе сум била, кога имав 22 години и долг на кредитна картичка од 18.000 долари.

Само што дипломирав со оценка 3,8 и во својата црква разговарав за својот личен долг. Кога на состојбата на кредитните картички додадов камата и трошоците, заплакав. Но, исто така, се заколнав дека тоа ќе го исправам.

Како прво, престанав целосно да ги користам картичките. Затоа морав да бидам многу внимателна со парите. Немав кабелска телевизија речиси две години, купував евтина храна и сама си ги уредував ноктите. Дури самата си ја скратував и косата. Само со овие промени, заштедив околу 400 долари месечно. По две години, го решив долгот. Си помислив, “Ова повеќе никогаш нема да ми се случи!”

Но, ете пак! И тоа со толкав долг што 18.000 долари изгледаат како ништо. Но, тоа го правев и пред тоа и верував дека повторно ќе се извлечам, ако ја применам истата стратегија.

Мојот сопруг и јас почнавме да планираме како да го отплатиме кредитот и го броевме секој долар за да можеме да купиме млеко за ќерката Реган. Мојот сопруг Џералд се вработи како менаџер во Тако Бел, па имавме здравствено осигурување. Ја опседнав болницата во која родив и на крајот ги убедив да ми отпишат 250.000 од вкупниот долг.

Но, по две години, нашиот долг воопшто не се намалил.

“Тоа не е твојот долг од младоста од 18.000 долари. Сега си во првата лига и долгот од два милиони долари, не можеш да го отплатиш собирајќи монети”, ми рече мојот финансиски ментор.

Во 2011 година прогласивме стечај. Сакавме да го отплатиме сето она што го должевме, но тој долг би висел над нашите глави засекогаш. Стечајот нѝ го овозможи толку посакуваниот одмор.

Бидејќи, јас веќе бев експерт за штедење, го искористив тоа знаење повторно да го изградам својот живот. Отворив компанија за финансиски консалтинг и ги подучував другите како да се ослободат од долгови. Жерард е претседател на медиумска компанија, а јас заработувам околу 300.000 долари годишно од своите книги и личниот бренд кој го создадов. Во согласност со нашиот план, малку по малку, ние сме го решиле долгот.

Кога ќе погледнам наназад, грешката што јас ја направив беше тоа што “сите свои јајца ги ставив во истата кошница”. Сите наши пари беа во недвижен имот. Денес инвестираме во ресторани, трговија на мало и во социјалните медиуми.

Иако тоа патување беше многу долго, знам дека моето искуство може да биде вистински благослов за некој друг. Ако веќе два пати не се извлеков од долг, јас не би им, со истата страст и сочувство, помагала на други да го сторат истото.

Ова се моите пет совети како да ги донесете своите финансии

1. Направете план

  • Утврдете финансиска цел. Тоа може да биде зголемување на сопствениот кредитен рејтинг или решавање на долгот. Поделете една голема цел во повеќе помали чекори и исполнувајте ги на дневна, неделна или месечна основа.

2. Проучете го својот долг

  • Иако бројките може да изгледаат застрашувачки, важно е да се знаат сите детали од својот долг – како што се каматите – пред да почнете да го исплаќате. Вие треба да ги знаете сите околности пред да го направите планот за отплата.

3. Барајте простување

  • Без оглед на тоа кон кого сте должни и која била намената на кредитот, имате право барем да се обидете да побарате простување на долгот или некој дел од него. Јас го направив тоа со болничкиот долг.

4. Налатете го вашето хоби

  • Ви почеток волонтирав како финансиски советник, но подоцна од тоа направив кариера. Размислете за вашите хобија. Дали пишувате или печете колачи? Можеби би можеле на тоа да заработите пари.

5. Пресметајте ги трошоците на стечајната постапка

  • Ако прогласување банкрот е единствениот излез, одвагнете ги сите елементи за и против. Нам банкрот нѝ овозможи повторно да се здобиеме со доверба на кредиторите, но првично тоа не беше нашиот прв избор.”
Прегледи:
64
Објавено на:
05.01.2016