Домашен путер од кикирики готов за 5 минути! (РЕЦЕПТ)

Домашен путер од кикирики може да направите со помош на блендер и уште неколку состојки.

Путерот од кикирики честопати го гледаме во американските филмови и серии. Добра вест е дека не мора да го барате и купувате, бидејќи може да го направите и сами. Предност на домашниот путер од кикирики е тоа што сами може да го контролирате вкусот на овој намаз.

Состојки:

  • 400 г кикирики
  • прстофат сол
  • 1 лажичка масло
  • и блендер

За путерот од кикирики може да користите кикирики кои најмногу ги сакате – печени, солени или мешани. Состојките едноставно помешајте ги во блендер и мелете додека не добиете смеса. За тоа ви се потребни неколку минути, а сами може да одлучите дали намазот ќе биде крцкав или течен. Доколку сакате путерот да биде посладок, додадете мед сѐ додека смесата не биде по ваш вкус.

Путерот од кикирики може да стои во фрижидер и до 3 месеци.




Коментари

коментари