Категории

Домашен спа центар – Рецепт за пилинг за тело од лаванда

Негувајте се во домашни услови

Бидејќи спа центрите се затворени, тоа не значи дека морате да чекате да си обезбедите луксузен третман на вашето тело до нивното следно отворање. Можете сами да си подготвите одличен третман на кожата кој ќе ја направи убава, мега и негувана.
Се што ви е потребно е овој домашен пилинг од лаванда кој откако еднаш ќе го пробате, сигурни сме дека ќе ви стане рутина.

Рецепт за пилинг за тело од лаванда:
Состојки:
-50 гр. суви цветови од лаванда
-Темјан
-2 капки есенцијално масло од рузмарин
-1 лажица мед
-20 мл маслиново масло
-30 гр. шеќер

Ставете ги сите состојки во длабок сад и добро измешајте додека добиете паста – мирисен пилинг од лаванда. Домашниот спа-третман е подготвен.

Начин на употреба:
Пилингот најдобро е да го нанесете додека сте во бањата на важна и чиста кожа со кружни движења од стапалата се до вратот. После постапката, темелно исплакнете го пилингот со млака вода. Потоа намачкајте ја кожата со млеко или лосион за тело.

Прегледи:
1017
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
11.05.2020