Категории

Домашна маска од мед против акни и брчки

Најдобрите медени рецепти за блескава и чиста кожа

Медот е еден од најдобрите лекови за акни. Тој е природен антибиотик кој помага во спречување на инфекциите и го забрзува процесот на лечење на акните.
Ви споделуваме неколку одлични рецепти како да подготвите домашни маски за лице со мед.

Маска со мед и цимет
Помешајте три лажици мед и една лажица цимет. Нанесте на чисто лице и оставете околу половина час. Потоа исплакнете со млака вода.

Маска со мед и маслиново масло
Измешајте една жолчка со лажица мед и додадете неколку капки маслиново масло, нанесете ја маската на чиста кожа и оставете да делува околу 25 минути, исплакнете со млака вода и нанесете хранлива крема.

Маска со мед, лимонов сок и бадемово масло
Измешајте една лажица мед, неколку капки лимонов сок и две капки бадемово масло. Нанесете на лицето и оставете околу 20 минути, исплакнете со млака вода. Оваа маска се користи еднаш на 10 дена.

Прегледи:
1303
Објавено на:
04.02.2020