Домашни енергетски плочки: Одвикнуваат од благо, намалуваат глад, даваат енергија! (РЕЦЕПТ)

Доколку овие денови одлучивте да престанете со внесувањето на слатки, енергетските плочки се одлично решение кога ќе ве фати криза. 

Се приготвуваат едноставно, а се одличен сојузник против ненадејните напади на глад и ако сакате да ослебете некој килограм.

Во оригиналниот рецеот се наведени и суво грозје, бадеми и урми, каде што последните две состојки се некоја основа, додека сувото грозје може да го замените со друго суво овошје.

Авторот на рецептот вели дека може да се додаде цимет, како, парчиња темно чоколадо или кокос. Грицкањето суво грозје го контролира чувството на глад и поттикнува ситост. На тој начин се спречува прекумерното внесување на калории и се чувствувате сити.

Урмите претставуваат идеален меѓуоброк кој ќе ви обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради широката содржина на есенцијални нутриенти, како и поради можноста за позитивно делување врз здравјето, урмите може да се сметаат за речиси идеална храна.

Подготовка:

Како што рековме, подготовката на овие енергетски плочки е едноставна. Сите три намирници, во иста количина, сместете ги во блендер и пуштете го апаратот да работи околу 30 секунди. Потоа смесата ставете ја на пластична фолија и обликувајте по желба (коцки, топчиња, стапчиња…)

Чувајте ги во замрзнувач, а рокот на траење не треба да ве загрижува бидејќи можат да траат и до неколку недели.




Коментари

коментари