Категории

Домашните миленици ги штитат најмалите од алергии

Утврдено е дека децаат немаат алергија на кучешки влакна доколку домашниот миленик го чуваат дома, а намалена им е можноста да станат алергични и на други алергени меѓу кои и најчестиот – полен.

Зборувањата за тоа дека домашните миленици донесуваат алергии кај најмалите, не се точни. Ова го потврдуваат и германските научници, тврдејќи дека најмалите кога растат покрај куче имаат значително помал ризик да добијат алергија на дишните патишта.

Стручњаците заклучија дека тоа се темели на однесувањето на девет илјади мали деца од раѓање па до шестата година, при што тие инсистирале родителите постојано да пополнуваат формулари за нивното здравје. Истовремено им била земана крв за да би се утврдило дали постојат специфични антитела кои откриваат алергија. Потврдено е дека децата немаат алергии на кучешки влакна доколку миленикот го чуваат дома,а намалена е и можноста да станат алергични на останати алергени.

Прегледи:
817
Објавено на:
21.09.2019