Категории

Домашните тестови за коронавирус се лага – Единствен начин да дознаете е преку медицинско тестирање

Докторите одговорија на објавите кои кружат на интернет во врска со домашното тестирање на коронавирусот за кое е потребно да го задржите воздухот 10 секунди – Овие објави се лага и единствен начин да дознаете дали сте позитивни на вирусот Covid-19 е да направите медицинско тестирање проследено од надлежен лекар

Во овие мигови, исклучително важно е да внимавате што читате и споделувате на друштвените мрежи. Еден од најдобрите показатели за тоа е објавата која овие денови е доста споделувана како на друштвените мрежи така и на медиумите, дека можете да направите едноставен тест на корона во било кој миг, каде и да се наоѓате.

Авторите на текстот повикуваат дека тоа е информација споделена од Универзитетот Стенфорд. Она што, наводно треба да го направите е да вдишете длабоко и да го задржите воздухот 10 секунди. Читателите велат дека, ако тоа успее и ако не се закашлате или не почувствувате непријатност, не морате да се грижите затоа што „вашата плуќа е здрава и не покажувате знаци на фиброза или инфекција“.

Исто така, раширена е и информација дека треба често да пиете вода со цел да го „исчистите вирусот“ кој ќе ја убие желудочната киселина. Уште една слична информација е дека течењето на носот не е симптом на вирусот Covid-19.

CNN ги истражуваше сите овие објави и првата важна информација е дека оваа објава нема никаква врска со Универзитетот Стендорд.
„Ова е опасна објава и содржи неточни информации“, одговорија од Стенфорд.

Лекарот Адам Ратнер, изјави дека ништо од овие објави не е точно:

„Тој тест од 10 секунди не е вистинит. Корона вирусот кај некои поединци може да се однесува поинаку па затоа не сите луѓе имаат исти симптоми, некои не се ги чувствуваат воопшто. Некои луѓе можеби имаат благи симптоми и можат да го задржат здивот 10 секунди“, појасни во магазинот  Health.

„Единствен исправен начин да дознаете дали имате коронавирус е да направите медицинско тестирање на кое мора да ве упати надлежен лекар“, додава.

Според др. Мејер, течењето на носот кај некои може да биде симптом на вироза, кај други грип, а кај трети коронавирус.

Прегледи:
438
Објавено на:
11.04.2020