Категории

Достоевски ја знаел тајната: Само на овој начин ќе победите во животот!

Достоевски уште одамна има објаснето како секогаш да победуваме во животот.

„Пред некои мисли остануваш во недоумица, особено гледајќи го гревот човечки, па се запрашуваш: „Треба ли да победуваш на сила, или смирено преку љубовта?“

Секогаш одлучувај вака: „Победувај смирено преку љубовта.“

Кога ќе се одлучиш еднаш засекогаш да победуваш на тој начин, ќе можеш да го покориш светот. Смирената љубов е голема сила, од сите најсилна, не се споредува со ништо на светот! Секој ден, секој час, секој миг надгледувај се сам себеси, а сликата да ти биде убава.

Ете, си прошол покрај мало дете, си поминал лут, со грди зборови, со злобна душа; и можеби не си го ни забележал детето, но тоа тебе те видело, и твојот лик, грд и злобен, можеби останал во неговата слаба и незаштитена душа.

Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби на овој начин веќе си фрлил во неговата душа затруено семе, а тоа семе можеби ќе порасне, а сѐ поради тоа што не си се воздржал пред детето, бидејќи во себе не си одгледал внимателна љубов која се покажува преку делата.

Браќа, не плашете се од гревовите човечки, сакајте го човекот и во гревот негов, бидејќи оној кој може да го сака грешникот, претставува слика на Боженствената љубов и врв на љубовта на земјата.

Сакајте ги сите суштества Божји, секој лист, секој зрак Божји сакајте го. Сакајте ги животните, сакајте ги билките, сакајте сѐ околу вас. Доколку сакате сѐ –  и тајната Божја ќе ја разбереш која се наоѓа во сѐ наколу.

А доколку ја сфатиш еднаш, ти потоа неуморно ќе почнеш да препознаваш сѐ подалеку и сѐ повеќе, секојдневно. И ќе го засакаш, конечно, целиот свет наполнет со универзална љубов.

Сакајте ги животните: ним Бог им дал мисли и тивка радост. Не им ја нарушувајте и не ги реметите, не ги мачете, не им ја одземајте радоста, не се противите на мислите Божји.

Човеку, не мисли дека си подобар од животните: тие се безгрешни, а ти, со своето величество, ти само ја гниеш земјата со својата појава, на неа оставаш трага од гној после тебе – и тоа важи за речиси секој, секој помеѓу нас!

Децата особено сакајте ги, бидејќи тие се безгрешни како ангели и живеат за да не усреќат; тие живеат за да не прочистат, како некој патоказ за нас. Тешко на оној кој ќе навреди дете…“

Фјодор Михајлович Достоевски

Прегледи:
508
Објавено на:
04.01.2019