Доволен е еден шик детал за разубавување на секоја летна комбинација! (ФОТО)

Во морето од разни летни предлози и трендови пронајдовме тренд кој е омилен на познатите блогерки и трендсетерки.

Станува збор за белите рамки на очилата кои се шик и ретро, а исто така и неизоставен детал за на плажа. Одлична вест е дека може да ги комбинирате речиси со се. На пример, одлично ќе се вклопат со џинс и маичка со принт, на кошули, одела, фустани или весели комбинации со пастелни бои.


Белата боја одлично се совпаѓа со светлите бои кои ги носиме преку летото, а одлично одговараат и со уште еден летен тренд – белите дрвени или плетени торби. Ако не сте сигурни како да ги комбинирате, погледнете ги следните предлози.




Коментари

коментари