Дознајте каква храна треба да консумирате за добро расположение

Здравите намирници го снабдуваат телото со хранливи материи и се неопходни за нормално функционирање на нервниот систем. Голем број на научни истражувања покажаа дека она што го јадеме влијае и на нашата психа.

Личностите кои се нервозни и депресивни со изборот на вистинската храна можат да ги ублажат психичките проблеми. Избалансирана исхрана ја зголемува енергијата, ја поттикнува циркулацијата и го стабилизира нивото на шеќерот во крвта. Некои видови на храна го зголемуваат нивото на серотонинот, хормонот кој е одговорен за менталното здравје и доброто расположение.

Млеко
Истражувањата покажаа дека протеините од млекото ја намалуваат аксиозноста и помагаат при несоница. Исто така, оваа напитка е богата со калциум кој ги опшута мускулите, го регулира крвниот притисок и ја намалува напнатоста. Уште подобар ефект се постигнува ако млекото се загрее и се измеша со мед.

Банани
Ова овошје ја зголемува енергијата и го поттикнува производство на допаминот и адреналинот, кои ја задушуваат депресијата и негативното расположение.

Јајца
Полни се со цинк и протеини на кои им се припишуваат антидепресивни својства. Покрај тоа, јајцата содржат холин и фосфолипид кои ја подобруваат меморијата.

Чоколадо
Највкусната деликација во светот експресно го зголемува нивото на серотонинот, поради што нејзините благотворни ефекти се видливи неколку минути по консумирањето. Чоколадото, исто така, ги намалува последиците од стресот и го зголемува нивото на енергијата.

Што не треба да јадете?
За да го зачувате доброто расположение избегнувајте ја следната храна:
– крофни, колачи и торти, бидејќи содржат премногу висок процент на шеќер;

– Кафе и храна која е богата со хистамин (свинско месо) или тирамин (црвено вино, компир, пивски квасец). Покрај тоа, треба да се избегнува храна која содржи адитиви, вештачки бои, конзерванси, како што е конзервирана храна.




Коментари

коментари