Категории

Дознајте кои хороскопски знаци најлесно ќе ги одвлечете во кревет

Луѓето родени во овие два знака обожаваат да експериментираат во креветот и не ги бројат сексуалните партнери.



Лав

Родените лидери без проблем ќе ви дадат до знаење дека им се допаѓате. Ако почувствуваат силна сексуална привлечност, ќе ви ги покажат своите заводнички способности и ќе направат сè за да ве освојат. Што се однесува до афинитетите во креветот, Лавовите претпочитаат жесток и активен секс и пози во кои можат да надгледуваат сè што се случува. Многу се страсни и можат да ве одведат до ѕвездите. Сакаат комплименти, а за возврат ја покажуваат својата благодарност на највозбудливите начини. Им одговараат Овните и Вагите.

Шкорпија
Мистериозните Шкорпии повеќепати се прогласувани за најсексуалните знаци во зодијакот. Нивната мистериозност, магнетен шарм и опасен поглед им се неодоливи на многумина и навистина не е потребно многу да се потрудат за да ги одведат нивните избраници во кревет. Иако се многу ексцентрични во кревет, имаат бујна фантазија и подготвени се да пробаат сè, припадниците на овој знак обожаваат да се милуваат и бакнуваат. Ним сексот им е најважен, а најмногу им одговараат Раковите, Биковите, Стрелците, но и Овните.

Прегледи:
429
Објавено на:
13.08.2018