Дознајте повеќе: Дали КросФит е за мене?

Во претходната објава зборувавме за правилниот избор на КросФит сала, а сега да се посветиме на основното прашање кое секој си го поставува кога се двоуми дали да започне да вежба КросФит. Дали е КросФитот за мене?

Ако сте некој/а кој/а:

  • Сака да ја подобри физичката подготвеност, но не ви допаѓаат комерцијалните теретани,
  • Не сака да биде опкружен/а со луѓе кои повеќе зборуваат отколку што вежбаат,
  • Изгубил/а интерес во досегашната рутина на вежбање,
  • Мисли дека нема доволно време за вежбање,
  • Бара да биде побрз/а или посилен/а во вашиот спорт, или
  • Не постигнува резултати со моменталниот тренинг.

 

Тогаш CrossFit е за вас. Нашиот тренинг е динамичен и секој пат различен. За разлика од секојдневните теретани и вежбањето по денови каде го повторувате еден ист тренинг два, три или повеќе пати неделно, CrossFit Skopje ви нуди програма каде не се повторуваат тренинзите, па помалку веројатно е дека ќе изгубите интерес или пак да ви се здосади од тренинзите.

Бидејќи нашите тренинзи многу ретко траат повеќе од 45 минути, може да ги усогласите дури и во најзафатениот распоред на вашите секојдневни обврски. CrossFit е фитнес програма формирана врз база на докази. Докажано е дека резултатите може да се постигнат. Многу луѓе досега имаат постигнато радикални промени во нивото на подобрување на брзината, силата, агилноста, кондицијата и изгледот на нивното тело. Не двоумете се, јавете се веднаш и бидете и Вие дел од CrossFit.




Коментари

[fbcomments]