Драга жено, мораш да научиш да се почитуваш самата себеси, а другите ќе го следат твојот пример

Научете да се почитувате самите себеси така што ќе го исфрлите сѐ она што ја гази вашата вредност, и секој оној кој ја намалува и си игра со вашата вредност како со некој предмет.

Научете да се почитувате самите себеси така што нема да го занемарите фактот како се однесуваат кон вас луѓето. Доколку ве почитуваат и ценат, ќе знаете дека тоа се луѓето кои треба да останат во вашиот живот, но доколку не го направат тоа, тоа е знак дека мора да ги замените и да најдете некои подобри искуства во близина на други луѓе.

Научете да се почитувате самите себеси така што нема да им давате оправдувања на оние кои имаат лош ден па поради тоа мораат да ви го уништат и вас. Тоа е слаби личности кои не умеат да им дозволат на другите да бидат добро кога тие се чувствуваат лошо.

Научете затоа да се почитувате самите себеси така што нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви кажа дека мора да бидете исти? Како тоа ќе донесе некоја дополнителна вредност во вашиот живот? Единствено што е сигурно е тоа дека токму тоа е пат кон внатрешното чувство на незадоволство.

Научете да се почитувате самите себеси така што ќе ја зборувате вистината и ќе барате и од другите да ја зборуваат. Сите маски кои доаѓаат во вашиот живот, дури и маските на луѓето кои се нарекуваат пријатели како и оние другите, земајте ги со резерва додека не се покажат оние кои стојат позади нив.

Научете да се почитувате самите себеси така што ќе пронајдете луѓе кои знаат дека не сте совршени, но кон вас се однесуваат како да сте и исто така вие ќе се однесувате кон нив.

Научете да се почитувате самите себеси, а другите ќе го следат вашиот пример!




Коментари

коментари