Драги мајки кои го читате ова, воопшто не е себично да одвоите време за себе, го заслужувате тоа!

Драги изморени мајки кои го читате ова, 

Не можам да замислам какво е чувството да донесете нов живот на овој свет. Уште помалку можам да замислам колку е неверојатно и прекрасно да расте живот во тебе и да родиш човечко суштество. Тоа е најголемиот благослов и привилегија.

Мајчинството е едно сосема ново искуство кое истовремено е неверојатно и исцрпувачко. Кога ќе пристигне на свет тоа мало, кревко, прекрасно суштество, секој дел од тебе почнува да гравитира околу него. Сѐ што правевте досега станува споредна обврска. Сѐ за што се грижевте досега веќе не е приоритет.

Повеќе не сте истата личност која сте биле. Создадовте живот и го донесовте на овој свет. Сега е ваша одговорност да го водите тоа мало суштество и да му помогнете да го пронајде своето место во овој свет.

И можам да ја видам среќата во вашите очи, но и исцрпеноста.

Изморена си, драга мамо.

Но, она што ме загрижува најмногу е фактот што се плашиш да го признаеш тоа. Се чувствуваш лошо поради тоа. Очајно ти е потребен одмор, но мислиш дека доколку го кажеш тоа на глас, ќе значи дека си лоша мајка. Уште полошо од тоа, почнуваш да се сомневаш во својата љубов кон своето дете поради помислата дека ти треба одмор.

Дозволи ми да ти кажам нешто. Не е себично да одмориш. Ти тоа го заслужуваш, но исто така ПОТРЕБНО ти е. Во ред е да направиш пауза. Знам дека си супермама и правиш речиси сѐ, но не заборавај… Ти исто така си човечко суштество создадено од крв и месо. Мора да се грижиш за себе. Мора да најдеш време да одмориш и да разговараш сама со себе.

Престани да чувствуваш вина дека не си најдобрата мајка на светот. Не можеш да постигнеш сѐ без да полудиш.

Престани да мислиш дека сѐ мора да биде совршено. Совршенството не постои. Тоа е илузија. Фокусирај се на она што е важно.

Престани да трчаш наоколу и да правиш сѐ само поради тоа што си мајка. Разговарај со својот партнер и кажи му дека не можеш да продолжиш да живееш вака. Потруди се да биде свесен дека двајцата сте родители. Вие сте еднакви.

Престани да се чувствуваш неуспешна. Го даваш најдоброто од себе. Заслужуваш време за себе поминато во тишина и одмот.

Престани да одбиваш да се одмориш. Го заслужуваш тоа. Потребно ти е. Во спротивно, ќе се скршиш под притисокот. А тоа не смееш да си го дозволиш. Тоа е нешто кое твоите деца не смеат да го доживеат.

Мајчинството е благослов, но исто така една од најголемите улоги кои ќе ги имаш во својот живот. Мислиш дека можеш да контролираш сѐ, но вистината е дека не можеш секогаш да бидеш подготвена за сѐво животот.

Остави време за себе, нахрани ја својата душа, работи на своите ментални проблеми, грижи се за своето тело и биде пример за своите деца. Биди личноста која се сака себеси.

Одмори пред потполно да скршиш, мамо.




Коментари

коментари