ДРАГИ МОИ „ДРУГАРКИ“: ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ ЗА СИТЕ ИЗДАДЕНИ ТАЈНИ И ОЗБОРУВАЊА ПОЗАДИ МОЈОТ ГРБ

Драги мои “другарки”. Ви се заблагодарувам за сите издадени тајни кои што сум ви ги кажала. Ви благодарам и за сите ваши озборувања и одбегнувања.

Не сте свесни колку со тоа ме правите посилна, погорда и ме учите да не ги правам истите грешки. Поради тоа што во душа сум мирна и добра и не проценувам како вас, секој пат јас најмногу страдам.

Секогаш се обидував да бидам одлична другарка со сите вас. До една. Дури и со момчињата. Ама еве слушам веќе, зборувате еден против друг зад грб.

Епа повеќе нема да биде така. Отсега и јас ќе имам ново и гордо свое ЈАС. Нема да ми е гајле повеќе за вашите проблеми, а тогаш на сите ќе ви е криво што си поигрувавте со мене и што изгубивте вистинска другарка.

Тогаш ќе бидам над сите вас кои сега сте на некое “повисоко ниво од мене”. Но, кој високо лета, ниско паѓа, не заборавајте. Баш за ваш инат јас пронајдов другарка која е поразлична и ме сака без разлика на сите мои маани.

Таа вреди повеќе отколку сите вие заедно. Никогаш не помислила да ме навреди или да ме озборува позади грб. Затоа ќе ја чувам. Затоа што таквите како неа тешко се пронаоѓаат и се помалку ги има. Таа ме прави среќна, а среќата е ретка денес.

Ретка, но задолжителна. Сите треба да ја имаат. Дури и тие што ја немаат, треба да имаат парче надеж дека еден ден ќе ја пронајдат. Јас под среќа го подразбирам и моето семејство.

Среќата е збор составен од пет букви, мал, но сепак моќен. Крие многу тајни. Да си среќен не значи да бидеш насмеан, туку во душата да бидеш исполнет.

Во светов има се повеќе луѓе кои што патат по своите “бивши” љубови, тажни се покрај се што имаат. Сакам тоа да се смени. Сакам среќни лица во нашиот свет.

Не им треба партнер за да бидат среќни, не зависат од него и сето тоа е минливо. Имаат дом, семејство, храна, што им недостига?

Нека помислат на дечињата кои немаат ни дом, а едвај издржуваат со парче храна кое што го чуваат за два дена. Секогаш помислете на нив кога ќе плачете по тој што ве оставил за да сфатите колку вие сте посреќни од нив, а не знаете да го цените тоа.

Александра Ристеска




Коментари

[fbcomments]