Категории

Драги родители, свесни ли сте дека вашите деца боледуваат од недостаток на природа?

Градските деца имаат една дијагноза, а тоа е недостаток на природа.

Докажано е дека недостатокот на природа предизвикува недостаток на внимание при учењето, децата немаат самостојност, оскудни се во комуникацијата и сето тоа предизвикува физички недостатоци, лошо држење на телото, рамни табани, недостаток на имунитет и склоност кон алергии.
Децата кои не одат во природа остануваат неактивни и со самото тоа нема стимулација, нема природно искуство и нема практично учење. Родителите го чувствуваат тој проблем и веднаш набрзина одлучуваат да ги пуштат децата на некој спорт, но тоа не е тоа – на децата им треба природа. Ние сме биолошки битија и само кога сме во природа, сме она што треба да бидеме.

Секое второт дете кое се раѓа во градските средини денес има пореметување на моториката, дури 70% од децата имаат рамни табани, и успорена акомодација на очите а кога сето тоа ќе се собере се создаваат проблеми на училите. Кога детето ќе почне да оди на училиште, не може да чита подолго од десет минути затоа што има пореметување на концентрацијата, не може да пишува како што треба и тие проблеми подоцна многу потешко се решаваат. Затоа е важно детето во првите години од жвиотот, од седната/осмата до дванаесеттата година да биде што почесто во природа.

Физичкиот и менталниот развој се тесно поврзани и тешко одат еден без друг. Познато е дека подобро се размислува кога се шета. Додека децата се во контакт со природата тие се опуштени, учат полесно и побрзо и нивниот организам станувам по издржлив и отпорен.

Прегледи:
474
Објавено на:
20.11.2021