Категории

Дрејк ѝ подари на Џенифер Лопез ѓердан од 100.000 долари

Џенифер Лопез ужива во вниманието што ѝ го пружа Дрејк. Како што пишуваат светските медиуми, канадскиот рaпер Дрејк ја изненадл својата девојка со скапоцено парче накит. Дрејк сакал да се осигури дека Џенифер Лопез ќе блеска во 2017 година, па и’ подарил дијамантски ѓердан од „Тифани“ во вредност од 100.000 долари.

Според „Пипл“, Дрејк на Џенифер ѝ подарил ѓердан „Викторија“, кој во себе има дијаманти во облик на круша од 15 карати.

Четириесет и седумгодишната пејачка на Инстаграм објави своја фотографија во скапоцена бунда и црвен фустан, на новогодишната ноќ, која наводно ја поминала со канадската ѕвезда. Музичката двојка е во врска околу еден месец, а се запознале бидејќи сакале да снимаат дует.

Двајцата работат на новата музика и уживаат еден во друг, а се зборува дека Дрејк неколку пати бил во куќата на Џеј Ло.

Прегледи:
479
Објавено на:
15.01.2017