Древно предвидување на иднината: како високот може да го открие протокот на нашата судбина?

Веќе илјадници години високот се користи за откривање на иднината. Се претпоставува дека употребата на високот во езотерија и радиестезија потекнува од древниот Египет, што е потврдено со имињата на денешните најпознати облици на висоци: Карнак и Изис, направени според оригиналните цртежи пронајдени во Долината на кралевите.

Со помош на овој древен принцип било можно да се откријат невидливите извори на вода, руда, како и причини за некои болести. Народите на древните култури, 6000 години п.н.е., користеле прачка на која бил закачен високот. Со овој стап се доближувале на предметите кои сакале да ги истражат, со поставување на високот над нив. Високот почнувал да се клати во повеќе насоки. Во високот често се ставал и примерок од материјалот кој се барал.

Високот се користи и денес за добивање на одговори поврзани со работа, здравје, односи, решавање на дилеми, наоѓање изгубени предмети и сл. Високот не треба да се користи кога сте нервозни, лути, депресивни, расеани или исплашени. Високот треба да има правилен облик, најдобро е да има кружна или елиптична форма, за движењето да има најмал отпор.

Важно е и од каков вид материјал е составен, бидејќи некои луѓе подобро реагираат на бакар, а некои на сребро, глина, стакло или злато. Во зависност од неговата намена и цел, постојат различни форми и големини.




Коментари

коментари