Друштвени игри за релаксација и забава за време на изолација

Друштвените игри се идеална забава за време на изолација кои се препорачуваат за сите возрасти. Забавувајте се со вашите најмили и истовремено зајакнете ги вашите ментални и когнитивни способности

Ограниченото движење поради пандемијата најмногу ги погодува постарите генерации кои се принудени на живот во домашна изолација. Како со таквите услови да го потполнат своето време на квалитетен начин а сепак да се забавуваат? – Друштвените игри се идеален начин, тие се корисни особено за зајакнување на менталните и когнитивни способности.

Соберете го вашето семејство и играјте некоја од друштвените игри која ја знаете сите –

Игри со карти:

„Црн Поп“
Од шпилот карти се вадат сите попови и се остава само еден Црн Поп. Картите се делат на играчите, и потоа си влечите карти еден од друг( јас од кај тебе ти од кај мене).
Треба да внимавате да не го извлечете црниот поп. Останатите карти се собираат по четири ( 4 двојки , 4 тројки ). И на крај попот останува кај еден играч, и тој ја губи играта.
За да биде поинтересно може на крајот од играта да се цртате на лице со креон или кармин. Тој што го чува попот до крајот на играта , губи и добива една црта на лицето.

„Кент“
Кент се игра во парови.  Се вадат по 4 карти на масата и се извлекува 1 карта која означува кои карти не се берат. На секој играч му се доделуваат 4 карти и треба да собере 4 исти карти. (4 кеца, 4 двојки, 4 тројки ..). Од масата кога се зема една карта и се фрла друга, односно се менуваат.
Кога еден од партнерите собере 4 исти карти треба да му даде знак на својот партнер за кој претходно ќе се договорат и тој треба да каже „Кент“. А ако другиот пар открие дека некој има Кент треба да каже Стоп Кент.

„Војна“
Картите се делат на пола помегу двајцата играчи или повеќе. Еден по еден фрлаат по една карта, чија карта е најголема тој ги зема сите карти, а доколку се исти картите е војна и се ставаат по 3 карти и 4-тата се отвара и чија карта е поголема играчот ги собира сите карти..

За оние кои имаат натпреварувачки дух, друштвените игри се одлична прилика да го одржат тој дух . „Не лути се човече“ и „Монопол“ се едни од најпопуларните игри кои гарантираат сигурна забава за сите членови од семејството.




Коментари

[fbcomments]