Дубаи како една од најпопуларните дестинации: Кои правила не ги знаете?

Високи парични казни им стасуваат на оние кои што користат некултурни зборови …

Одморите во Дубаи се сè попопуларни, но во Обединетите Арапски Емирати владеат малку поинакви правила на однесување.

Но, освен општите правила на однесување и облекување кои владеаат во Дубаи, има и уште помалку познати кои, доколку не ги следите, можат многу да ги навредат вашите домаќини.

Така, на пример, секнењето на носот на маса се смета за скандалозно однесување, додека чистењето на забите со чачкалица е сосема прифатливо. Додека на запад е многу подобро да извадите шамиче и да го исекнете носот отколку да шмркате за време на оброкот, во Дубаи подобро е да направите пауза и да одите во тоалет каде што можете во приватност да го исекнете носот.

Исто така е многу непристојно да се јаде на маса со лева рака, што се смета за нечисто, а никогаш не треба да ги истегнувате и нозете за време на оброкот или да ги прекрстувате. Ако ги покажете петите, личноста кон која се вперени ќе мисли дека имате многу лошо мислење за неа, затоа обидете се да ги задржите на земја.

Треба да знаете дека некои грешки можат да бидат платени и поскапо. Пцуењето е строго забрането во Дубаи. На пример, ако некој ве чуе да пцуете на англиски јазик и ве пријави, може да завршите со парична казна од 10.000 дирами, што е околу 2.500 евра, или да поминете една година во затвор.




Коментари

[fbcomments]