Категории

Дубаи најави градба на уште повисока зграда од Бурџ Калифа

Во Дубаи наскоро треба да почне изградба на зграда која ќе биде повисока од Бурџ Калифа, моментно највисоката зграда на светот, соопшти денеска градежната компанија „Емар“.

– Изградбата ќе чини околу една милијарда долари, а зградата ќе биде „малку повисока“ од Бурџ Калифа, најави претседателот на управниот одбор на „Емар“, Мохамед Алабар, претставувајќи ги деталите на проектот.

Тој истакна дека висината на зградата ќе биде објавена по завршување на изградбата, додавајќи дека планирано е тоа да се случи пред 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба „Ворлд Експо“.

Зградата, која е дизајнирана од шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валс, ќе има повеќе видиковци, како и 18 до 20 спратови на кои ќе се наоѓаат, меѓу другото, ресторани и хотели. Зградата ќе биде тесна и „прицврстена“ за земјата со помош на силни кабли.

Саудиската компанија „Кингдом Холдинг“ истовремено планира во Џеда да изгради зграда која ќе ја надмине Бурџ Калифа и ќе биде висока повеќе од еден километар.

Прегледи:
538
Објавено на:
11.04.2016