Категории

Дури и во најмрачните мигови од вашиот живот од другата страна изгрева нов ден

Но тој мрачен период не значи дека ќе трае засекогаш. Можеби веќе премногу долго сте поминале спиејќи и сте пропуштиле многу важни нешта и веќе дошло вистинското време да почнете да живеете.

Еднаш кога ќе паднете на дното, веќе не можете да се лажете себеси. Не можете да се преправате дека се е во ред, да развлекувате лажна насмевка и да го гледате животот низ розови очила. На дното сфаќате дека веќе нема каде. Единствениот излез е да се соочите со себеси и конечно да бидете искрени. Да ја прифатите состојбата и да почнете да барате начин како да се извлечете од сето тоа.

Кога ќе паднете на дното тогаш вистински ќе се разбудите и ќе сфатите дека животот е е сон нити бајка. Но тој мрачен период не значи дека ќе трае засекогаш. Можеби веќе премногу долго сте поминале спиејќи и сте пропуштиле многу важни нешта и веќе дошло вистинското време да почнете да живеете. Затоа следниот пат кога ќе ви се случи нешто лошо, не гледајте на тоа како на крај, туку како на нов почеток, како будење од сон.

Понекогаш солзите доаѓаат за да ни го разбистрат погледот на светот, а животните олуји за да го исчистат патот пред нас. Да живееме со полна плуќа и без каење, затоа што веќе не постојат препреки нити граници.
Најтешките мигови можеби изгледаат како крај на светот, но знајте дека секогаш постои и друга перпектива, па доколку погледнете од другата страна, ќе забележите дека таму изгрева нов ден.

Прегледи:
663
Објавено на:
30.05.2020