Категории

Душевниот мир е најважен – Многу поважен од тоа што некој мисли и зборува за вас

Наместо да трошите енергија на негативни луѓе, насочете ја на својот живот и она што сакате да го постигнете

Тешко е да разберете зошто луѓето имаат потреба постојано да бидат негативни – да се препираат, критикуваат, навредуваат. Не е тешко да се сфати дека тоа го прават затоа што се незадоволни со самите себеси во некој аспект од сопствениот живот, но тешко е да се разбере дека не сакаат да престанат со тоа, затоа што така би живееле мирен, исполнет и позитивен живот.

Молчењето е злато!
Психички силните луѓе знаат дека луѓето ја прикриваат својата несигурност кога некого го навредуваат, критикуваат или му зборуваат дека треба да се промени. Тоа се луѓе кои никогаш нема да бидат среќни поради туѓиот успех, затоа што не се во состојба или веќе го искусиле сопствениот неуспех. На таквите луѓе е најдобро да не им обрнувате внимание,  да не реагирате на тоа што го зборуваат и да не трошите енергија на нив.

Без оглед на тоа како се однесуаат или што прават, луѓето ќе ве анализираат на свој начин, ќе создаваат слика за вас каква што тие сакаат и ќе зборуваат за вас што сакаат. Наместо да трошите енергија на негативните луѓе, насочете ја кон својот живот и она што сакате да го постигнете.

Навредата е само нивно мислење и психички силните луѓе го знаат тоа. Премногу размислување за тоа што ни рекол некој, и за туѓите негативни мислења и коментари е само безпотребно трошење на енергија. Луѓето кои ги критикуваат другите со тоа всушност покажуваат какви се тие а паметните луѓе го гледаат тоа.

Само површните луѓе, емоционално неинтелигентните ќе создадат мислење за некого само врз основа на она што некој им го кажал. Стабилните луѓе се ориентираат на љубезните и позитивни поединци покрај кои се чувствуваат добро.

Луѓето кои ги игнорираат негативните поединци, живеат помирно, посреќно и поисполнето во однос на оние кои постојано се расправаат со некој.
Душевниот мир е најважен, многу поважен од тоа што некој мисли и зборува за вас. Луѓето кои се препуштаат на туѓите негативни емоции и дозволуваат злонамерните и себични луѓе да ја цицаат нивната животна енергија, на крајот сериозно можат да патат – психички и физички.

Прегледи:
1087
Објавено на:
06.02.2020