Категории

Душко Радовиќ: Дојдоа такви времиња, кога сите имаат расни кучиња, а диви деца

Дали би можеле луѓето да бидат подобри? Би можеле, но никој не сака прв да почне. Сите имаат лоши искуства. Дали сме се заколнале безброј пати дека ќе бидеме подобри?

„Дојдоа други времиња. Деца има сѐ помалку, а кучиња сѐ повеќе. Денес го знаеме она што никогаш не сме го знаеле: кучињата се најчесто расни, а децата наши, домашни и диви. Од кучињата не треба ништо да се создава, тие се радуваат и умираат како кучиња. А од децата треба да се создадат луѓе, што е речиси невозможно.

Никогаш жената не може да ви роди толку квалитетно дете, какво што може да купите куче. Од детето никогаш нема да создадете куче, а кучето може да ви стане повеќе од дете. Со кучето мора да шетате што е добро за вашето здравје, а кон детето немате такви обврски.

Доаѓа некое кучешко време, во најдобра смисла на тие зборови.“

Ова се некои од афоризмите кои и денес со задоволство се прераскажуваат. Поминаа повеќе од 30 години од смртта на Душко Радовиќ, но неговиот збор и понатаму живее.

Ова се некои од неговите најинтересни мисли: „Пред да го поправате светот, најпрво поправете ја чешмата во вашиот стан. Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој би ја поправил чешмата или барем забите.“

„Зошто уличните корпи за отпадоци не се подигнат на висина на кошевите за кошарка? Тоа би била одлична провокација за нашата кошаркарска нација на која не би одолеала. Кошевите би биле полни, а градот чист.“

„Вчера еден родител почнал да се жали да родителскиот состанок: Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас!“

„Пред да започнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична и невпечатлива и многумина не умеат да ја видат.“

„За разлика од докторите на науки, селаните имаат повеќе знаење отколку образование.“

„Вложувајте во стомакот! Тоа вложување единствено дава брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно.“

Прегледи:
505
Објавено на:
25.11.2019