Ај еднаш, ама да добиеш два пати на лото?!

Британска брачната двојка по втор пат освои џекпот од лотаријата._82062071_hi026580850

Дејвид Лонг и Кетлин Мекензи од градот Сканторп во 2013 година добиваат џекпот од Евромилиони и “заработуваат“ 1 милион фунти. Сега сопружниците го направија тоа повторно, а освен милион, добија и автомобил “Јагуар”.

“Тоа е едноставно неверојатно! Шансата да добиеш џекпот дури еднаш во животот е минимална. Шансата да го направиш тоа два пати е 1 на 253 000 000 000″, наведуваат од Евромилиони, која е застапена во 9 европски земји.

Најголемата добивка од Евромилиони во целата историја на лотаријата беше освоена во август 2012 година. И тука среќните беа сопружници од Велика Британија, кои прибраа 148 милиони фунти.




Коментари

коментари