Категории

Дванаесет совети за подобро помнење

Многумина од нас немаат добро помнење, а за да се промени тоа не се потребни таблети, туку примена на неколку корисни совети.

Стиснете тупаница
Иако ова се чини смешно, резултатите од истражувањата покажале дека стискањето тупаница помага полесно да запомните телефонски број, листа на намирници за дома и слично. Подоцна, кога ќе се обидете да се сетите, стиснете ја левата дланка. Научниците сметаат дека овие движења активираат одредени мозочни региони клучни за примање и враќање на одредени информации.

Сеќавање со помош на азбука
Овој метод навистина помага да се сетите на некоја информација, имиња, филм и слично. Само почнете по ред со азбуката за да ја најдете првата буква на одреден збор или име. Така ќе ја разбудите својата меморија и ќе се сетите на она што го мислите.

Вежбајте почесто
Аеробните вежби ја подобруваат когнитивната функција и посебно се корисни кога станува збор за подобрување на помнењето. Се верува дека вежбањето го поттикнува растот на нови мозочни клетки во хипокампусот, дел од мозокот кој е одговорен за памтење и учење.

Избегнувајте алкохол навечер
Алкохолот може да ви помогне да заспиете, но притоа пречи на ноќниот одмор. Освен тоа, има негативен ефект на концентрацијата и памтењето.

Изговарајте ги зборовите на глас
Можеби најдобар метод кој ќе ви помогне да се сетите е зборовите да ги изговарате на глас. Научниците открија, дека ако сакате да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, треба гласно да изговарате зборови бидејќи така ќе ја поттикнете својата меморија и ќе се сетите.

Избегнувајте ги цигарите
Цигарите се штетни и тоа на сите е познато, но истражувањата покажале дека средновечните пушачи имаат многу послаби резултати на тестовите од непушачите.

Задавајте си задачи
Ако имате некоја обврска која не смеете да ја заборавите, мора да си ја повторувате. Изговарањето ќе помогне да не ја заборавите. – На пат кон дома морам да купам млеко и јајца – на пример.

Визуелно помнење
Тоа подразбира обид да се сетите на нечие име обидувајќи се да замислите нешто поврзано за него, наместо да се сетите на зборот. Колку сликата е побизарна, методот подобро успева.

Пијте повеќе млеко
Научниците тврдат дека млекото позитивно делува на концентрацијата, помнењето и учењето. Тие кои конзумираат млеко пет или шест пати неделно подобро ги завршиле тестовите од тие кои ретко пијат млеко и јадат млечни производи.

Не се прејадувајте
Премногу храна двојно го зголемува ризикот од проблемот со помнењето во постари години. Внесувањето на голем број на калории го зголемува ризикот од развој на благо когнитивно нарушување, кое се карктеризира со губење на меморијата и доведува до деменција.

Шетање во природа
Истражувањата покажаа дека луѓето кои често шетаат во природа имаат 20 отсто подобри резултати на тестовите од тие кои шетаат низ улици.

Слушајте музика и танцувајте
Љубителите на музиката имаат подобри резултати на тестовите, а музиката помага и на лица кои страдаат од Алцхајмерова болест. Добро е да се танцува, и колку танцот е посложен толку мозокот ќе биде поактивен.

Прегледи:
372
Објавено на:
03.04.2016