Две децении во брак без нити еден скандал: Тајната на долгогодишната љубов на Викторија и Дејвид Бекам

И после 20 години нивната љубов се чини се посилна секој ден

Викторија Бекам во една емисија ја откри тајната на успешниот брак. Таа сподели дека нивната љубов била на прв поглед. Штом го погледнала, посакала да го помине целиот живот покрај него. Тие се венчаа во далечната 1999 а денес имаат четири деца, три сина и една ќерка.

Викторија вели дека е благодарна што се запознале додека сеуште биле многу млади, затоа што така имале прилика заедно да пораснат и да поминат најразлични искуства и ситуации.

„Децата се наш приоритет и се што правиме се врти околу нив. Освен тоа го сакаме она што го работимеи сме си меѓусебна поддршка во се и мислам дека тоа е клучот за еден однос.“

Таа нагласи дека комуникацијата е од исклучителна важност за успешниот и долгогодишен брак.
„Комуникацијата со партнерот, но и разговорите со децата се многу важни за едно семејство да функционира добро“, изјави Викторија.




Коментари

[fbcomments]