Две години живеел како бездомник, а денес заработува 85.000 евра дневно!

Ед Ширан стана најплатената музичка ѕвезда на светот, а во текот на минатата година оствари профит од 30.753.000 евра.

Британскиот музичар Ед Ширан (27) е жив доказ дека еден човек кој е во незавидна финансиска ситуација може да стане милионер. Тој е денес најплатената музичка ѕвезда во светот. Во текот на изминатата година остварил профит од 30.753.000 евра, а според пресметките, дневно заработува 85 илјади евра, поточно 85.425 евра.

За потсетување, Ед Ширан кој е познат по хитовите “Shape Of You”, “Perfect”, ”Thinking out loud” и многу други, неодамна ја надмина својата сонародничка Адел и стана најплатена музичка ѕвезда на светот. Иако неговата финансиска ситуација сега е повеќе од одлична, во минатото не било така.

Имено, додека не бил познат, Ед спиел и пред Бакингемската палата, а две години живеел како бездомник.




Коментари

коментари