Категории

Две идентични близначки се омажиле за два идентични близнаци, а еве како им изгледаат децата

Ова се комбинаци на парови за кои некогаш можеби сте збореле колку би било неверојатно и интересно да се случат. Епа се случиле и тоа во Охајо, САД, во 1998 година идентичните близнаци Крег и Марк Сандерс сретнале две убави сестри, кои исто така биле близначки, Дијан и Дарлен Нетемајер.

Двата пара почнале да излегуваат, а многу брзо и се веначале, на ист ден, во иста облека. Потоа се вселиле во две куќи, а ги дели само една ограда, така започнал нивниот среќен живот.

После една година, Дијан и Крег добиле близнаци, а замислете, статистички гледано 3 од 1000 семејства добиваат близнаци, а какви се шансите идентични близнаци да добијат идентични близнаци?

Наскоро и Марк и Дарлин станале родители на две убави близначки, а после неколку години добиле и син.

Заради фасцинатната биологија и гените на овие два пара, нивните деца имаат генетски состав кој според науката се смета дека се браќа и сестри, а тие формално се братучеди.

Денес ова семејство живее среќен живот, во соседството куќа до куќа, а многу често се своевина атракција и се тема на многу ТВ станици и документарци.

 

Прегледи:
461
Објавено на:
07.10.2016