ДВЕ ПРЕМИЕРИ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

НУ Театар Комедија работи во полна пареа. На двете сцени во Театар Комедија паралелно се подготвуваат две нови премиери.

Првата премиера „На отворено“ се спрема на малата сцена, во режија на Андреј Цветановски. Костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценографијата е на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски. Во оваа претстава играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски. Премиерата е закажана на 25 април во 20 часот.

Втората претстава е во подготовки на големата сцена на Театар Комедија и е насловена „Жени пред нервен слом“, според текстот (филмот) на Педро Алмодовар ,,Жени на работ на нервен слом”, а во режија на познатиот хрватски режисер Иван Лео Лемо. Костимограф е Мирјана Загорец, сценограф Весна Режиќ, музиката е на Звонимир Дуспер, а кореографијата му е доверена на извонредниот кореограф Лео Мујиќ. Во оваа претстава, која се најавува како апсолутен спектакл во Театар Комедија, играат: Марина Поп Панкова, Ева Скендеровска, Жаклина Стевковска, Кристина Ласовска, Миа Кантарџиева, Едмонд Сотир, Жарко Димоски, Тино Костадиновски, Дритон Вејсели, Александар Велјановски, Илија Илиоски и Тони Денковски. Премиерата на ,,Жени пред нервен слом” е закажана за 14 мај.

НУ Театар Комедија потврдува дека апсолутно ја заслужува титулата на најпосетуван театар во Република Северна Македонија и театар кој ниту во еден миг не застанува со продукција на нови хит претстави.




Коментари

коментари