Категории

Двојна чоколадна сензација: Мафини чиј вкус се памти! (РЕЦЕПТ)

За љубителите на чоколадото имаме одличен рецепт кој вклучува дупла доза чоколадо.

Состојки за три калапи:

  • 125 гр путер
  • 125 гр шеќер
  • екстракт ванила
  • 2 јајца
  • 125 гр брашно
  • сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 100 гр црно чоколадо
  • 150 гр чоколаден намаз

Подготовка:

Помешајте ги путерот, шеќерот, екстрактот од ванила. Додадете јајца, брашно, малку сол, сода бикарбона и измешајте рачно. Додадете го ситно сечканото чоколадо. Помешајте. Ставете ја смесата во калап, прелијте ја со чоколаден намаз и потоа одозгора ставете ја останатата смеса. Печете 25-30 минути на 180 степени Ц.

Прегледи:
310
Објавено на:
07.05.2020